Усман Дембеле само што се врати на теренот и против Динамо Киев го одигра првиот сезонски натпревар во дресот на Барселона, повторно ќе мора да паузира поради повреда на задната ложа на ногата.
Крилниот напаѓач беше во аут четири месеци откако се повреди на Европското првенство играјќи за Франција. Во вторникот одигра 25 минути на гостувањето кај Динамо Киев во ЛШ за повторно да се повреди.
Тоа е вкупно 13-та повреда на Дембеле откако е член на Барселона изминативе четири сезони.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.