Чави Ернандез е многу близу до кам-бек во Барселона, но овој пат како тренер. Преговорите на челниците на каталонскиот гигант и Ал Сад и натаму траат.
Според дел од шпекулациите во шпанските медиуми, Чави веќе сигурно ќе биде новиот тренер на Барселона. Наводно тој веќе и се поздравил со играчите на Ал Сад. Би можел уште утре да биде промовиран како нов кормилар на Каталонците, а официјалната прес-конференција на „Камп Ноу“, би била на стартот од следната недела.
Поранешната легенда на клубот ќе го наследи Роналд Куман, кој сезонава бележеше потпросечни резултати со тимот па заработи отказ.