Спорт Фудбал

Поранешен менаџер на Бормут ќе седне на клупата на Њукасл

Унаи Емери вчера јавно објави дека нема намера да го напушти Вилјареал и да седне на клупата на Њукасл, па сега Еди Хоу е прв кандидат за менаџерската позиција во овој клуб.

Поранешниот предводник на Бормут е без работа една година откако го напушти овој клуб по цели осум сезони.

Хоу важи за еден од најдобрите млади тренери во Англија, но ќе има тешка задача да го извлече Њукасл од опасната зона, бидејќи тимот досега нема ниту една победа сезонава.

Во јануари се очекува новите богати газди од Саудиска Арабија силно да инвестираат на трансфер-пазарот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе