Економија Топ вести

Буџет 2022: Повеќе пари за министерствата и 3,5 милиони евра за политичките партии

И покрај енергетската криза, владата го одврза ќесето. Од рекордниот буџет тежок 4,4 милијарди евра планиран за трошење до година, подели повеќе пари за речиси сите министерства. Има и за повисоки плати за дел од администрацијата – судии, обвинители, здравствени работници, образование, култура, инспектори. А не планира да се штеди ниту на набавките.

За купување возила институциите ќе потрошат 5,4 милиони евра. За мебел 1,8 милиони евра. Најспорните ставки за експертите, благо се намалуваат но се високи. Така за договорни услуги ќе се потрошат 116 милиони евра, за стоки и услуги 327 милиони евра. За трансфери до невладини организации има 12 милиони евра. Од буџетот на Министерството за правда пак политичките партии до година ќе поделат 3,5 милиони евра.

Следната година најмногу пари за трошење ќе има Министерството за труд со 822 милиони евра, за образование 470 милиони евра, Mинистерството за финансии – функции на државата 478 милиони евра.  А министерството за транспорт ќе располага со  најмногу пари  до сега – 192 милиони евра. 100 милиони се планирани за патиштата од Коридор 8, за договорот со конзорциумот Бехтел и Енка кој уште не е потпишан.

Од 4,4 милијарди колку што планира да потроши, дури 3,8 ќе бидат собрани остантите ќе се обезбдат со задолжување на домашен и странски пазар.

Дури половината од парите кои планира да ги потроши владата планира да ги собере од даноци – дури 2,2 милијарди евра. Уште 1,2 милијарди пак од придонеси. Најмногу пари се планира од Данокот на додадена вредност над 1 милијарда евра или 140 милиони повеќе од годинава. Од акцизи пак 468 милиони евра или 57 милиони повеќе од годинава. Од неданочни приходи – административни такси, концесии се планирани  312 милиони евра. А  54 милиони евра се планирани од продажба на земјоделско земјиште и општествени станови, како и од дивидендата од Телеком.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошувачката кошничка не смее да се крати од четиричлено на тричлено семејство – интервју со Менди Ќура

Дејан Дејан

ДУИ ќе профитира најмногу од промените во коалицијата „Вреди“

Дејан Дејан

Околу 1.000 фирми се затвориле во првите три месеци во оваа година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе