Македонија

Неказнивоста еден од клучните проблеми во борбата со загадувањето на животната средина и управувањето со отпад

Недоследно се имплементира Законот за управување со отпад, во делот на интегрираното и регионално управување. ДКСК утврдила дека општинските претпријатија се во лоша состојба и не се ефикасни во управувањето со отпад. Коруптивното однесува во оваа сфера е поврзано со остварувањето корист преку злоупотреба и тргување со влијание, а неказнивоста е една од клучните причини за делувањето на загадувачите, велат од Антикорупциска. Според нив, последен случај кога ЈО покренало обвиение за коруптивно однесување е во 2015. Тој се однесува за настан од 2009 година кон оператор кој третирал отпад.

Што значи била издадена дозвола од страна на овластени лица, без да бидат исполнети законските услови. Сепак овој случај според достапните информации нема конечен судски епилог, вели Владимир Ѓоргиев од ДКСК.

Според докумeнтот од 2019 година на ЕУРОСТАИ, согласно законот, Министерството за животна средина и општините се должни да ги затворат и рекултивираат  54 диви депонии кои сеуште постојат, а ја загадуваат животната средина, дополнуваат од Антикорупциска.

Нема контрола на увозот на отпад од странство, не постои акредитирана лабораторија што ќе го испитува отпадот, течните горива и мазутот, а медиумите кои ја следат оваа проблематика не се задоволни од донесениот Закон за увоз на отпад заради нецелосната примена.

Ние во медиумите имаме критики на работата на инспекторатите, на неусогласеноста на механизмите за контрола , во однос на инспекторати и министерства, кои тоа треба да го контролираат, вели главниот и одговорен уредник на Телевизија телма Снежана Лупевска Созен.

А, од комуналните претпријатија и од Инспекторатот за животна средина велат дека работат транспарентно, но и дека имаат проблеми.

Недоволен број ресури за инспекциска и административна подршка, недоволен буџет за реализација на сите планирани активности , недостаток на канцелариски простор и недоволен број на возила, вели в.д директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски.

Нема значителна селекција и преработка на отпадот, а нема ни доволно контејнери за негово складирање, велат од Државниот завод за ревизија. Според нив во 2019 година  биле собрани 623 илјади тони отпад, од кои 9 тони е пластичен, а неговото рециклирање е под 1%.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Дијабетичарите без современа терапија – бараат решение од министерот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе