Вести Македонија Топ вести

Опасен притвореник нападнал затворски чувар во Шутка- префрлен во друг затвор поради непријателство со притвореници од други криминални групи

30-годишен притвореник од Батинци вчера попладне направил инцидент и нападнал затворски стражар во Шутка откако добил преместување од безбедносни причини.

Станува збор за 30-годишниот Зулќуфли Нуредини познат и како Мали Репки кој со врата го удрил затворскиот полицаец затоа што бил незадоволен од трансфер во друга притворска единица во внатрешноста на Македонија.

Нуредини инаку беше баран неколку години со потерница и беше уапсен на почетокот на октомври во велешко Лавчани. Осомничен е за два обиди за убиство, но се истражува и дали учествувал во повеќе изнуди, рекетирања на бизнисмени и на повратници од дијаспора, како и тоа дали учествувал во организација и подметнувања на пожари на автомобили.

Во апсењето на Репки учествувале и специјалци тигри поради безбедносниот ризик, но и припадници на Агенцијата за национална безбедност кои прибавувале доверливи информации за движењето на опасниот бегалец.

Откако е однесен во Шутка, притвореникот Нуредини неколкупати го известил кривичниот суд во Скопје, дека во овој затвор не се чувствува безбеден поради присуство на припадници на спротивставени криминални групи, кои издржувале притвор. Нуредини тврдел дека е можно и да го отрујат во затворот, тврдат за Телма добро информирани извори.

После известувањата кривичниот суд одлучил да го префрли подалеку од Шутка, на друга затворска локација со притворско одделение за да се избегне евентуално безбедносно загрозување на Мали Репки.

Тогаш се случил инцидентот,аведнаш по нападот врз затворски полицаец Нуредини е префрлен во друг притворски објект. МВР само кратко соопшти во дневниот билтен:

На 02.11.2021 околу 16.00 часот во СВР Скопје, од Затвор Скопје било пријавено дека во затворот осуденикот З.Н. физички нападнал затворски полицаец. Се работи на расчистување на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Кој ќе биде нов гувернер ?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе