Вести Ковид19 Македонија Најважни

16-годишно девојче починало од ковид на инфективната клиника во Скопје

Уште еден млад живот зеде корона вирусот. На инфективната клиника во Скопје починало 16-годишно девојче од тетовско Сиричино кое во тешка здравствена состојба поради било хоспитализирано во Клиниката за инфективни болести.

За Телма, случајот го потврди директорката на Клиниката Милена Стевановиќ, која рече дека девојчето била хоспитализирана во многу тешка состојба и оти клиничката слика била многу тешка.

Од Министерството за здравство најавија повеќе информации во текот на денот.

Најмладата жртва на ковид во Македонија е 15-годишното девојче од тетовско Селце, која почина во септември по компликации од болеста. И минатата недела почина 17-годишно девојче од Демир Хисар, а во болница била донесена во многу тешка состојба со висока температура која ја лекувала неколку дена во домашни услови. Девојката била дејабетичар и не била вакцинирана.

Откако неколку дена се бележеше тенденција на опаѓање, вчера беше забележан повторно раст на заболени од Ковид-19. Беа регистрирани нови 593 случаи, од вкупно 3.391 тестирања, при што повторно најмногу новозаболени има во Скопје. Минатата недела најголем раст на новозаболени имало кај населението од 20 до 29 години, а зголемен е и бројот на реинфекции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Молк за жртвите, пароли за правда и порака – „Системот е следен“

Дејан Дејан

Не сум сигурен дека ќе нема реконструкција во владата до локалните избори, смета Арсовски

Дејан Дејан

Рано е за предвремени избори, смета политикологот Божиновски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе