Вести Македонија Најважни

ВМРО-ДПМНЕ бара брзи предвремени парламентарни избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара брзи предвремени избори за кои смета дека се најсоодветно решение за политичката ситуација.

Како причина, покрај резултатите од последните локални избори ги наведе и справувањето со здравствената криза во пандемија, како и дека државата влегува во енергетска криза со можни рестрикции и следствено на тоа ценовен шок и голема инфлација.

За интеграциите во ЕУ,  Мицкоски рече дека дури и да се започнат, потребни се коренити реформи кои ќе ги спроведуваат институции со слаб квалитет.

-Ова се причини кои говорат дека се потребни крупни одлуки кои мора да се носат овој период. Народот кажа дека не верува дека Владата може да се справи со овие последици. Не само што легитимитетот е доведен во прашање, туку и мотивацијата на Владата да се справи со овие проблеми. Прва опција е формирање на ново парламентарно мнозинство. Во овој момент најдобро решение за Македонија е без одлагање, брзи предвремени парламентарни избори, со почитување на роковите кои ќе обезбедат цврста и стабилна Влада. Брзи избори за кои не треба алтернатива, бидејќи е потребна стабилна влада која ќе се справи со проблемите. Изборите се светлото на крајот од тунелот. Брзите избори треба да донесат Влада која ќе спроведува ефикасни политики, кажа Мицкоски на денешната прес конференција.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе