Вести Македонија

Петровска: Имаме стабилно мнозинство, државата мора да продолжи по европскиот пат на Владата

Коалициските партнери застанаа зад оваа актуелна Влада, рекоа дека таква Влада и е потребна на нашата држава, за што апсолутно се сложуваме, дека државата особено сега мора да продолжи по патот што го зацрта пред неколку години и постигнатите успеси што ги имавме, за кој голем дел од заслугите се на претседателот Зоран Заев, односно на неговата упорност и истрајност, како и визија да го постигнеме тоа што го постигнавме, рече пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска во гостувањето на „Утрински брифинг“.– Периодот што претстои, генерално гледајќи ги случувањата на светската сцена, најавуваат сериозни проблеми и во енергетиката, но и во економијата што е одраз на она што ни се случуваше изминатата година со Ковид-19 и од тука сме поприлично внимателни со процесуирањето на сите одлуки, појасни таа.Според Петровска, одлуката која што претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев ја соопштил вечерта по соопштувањето на изборните резултати, е негова лична одлука. -Ние како партија секако дека ја почитуваме неговата одлука, но престои период во којшто таа одлука ќе треба да биде дискутирана во рамките на органите на партијата. Меѓутоа, веќе вчера како што можевме да видиме од медиумите започнаа разговорите со коалициските партнери, главната порака која ја испратија коалициските партнери е дека постои стабилно владејачко мнозинство. Ова не го кажувам само за да ја демотивирам опозицијата затоа што најавуваат обиди за преговори за ново мнозинство, туку затоа што сакаме да упатиме порака кон граѓаните дека имаме стабилно мнозинство и дека ниту со еден чекор не сакаме да предизвикаме било какви политички турбуленции во нашата држава или да речеме политичка или економска криза, појасни Петровска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе