Македонија

Без плата и без здравствено осигурување сестри и болничарки во Прилеп лекуваат Ковид-пациенти

Дел од здравствените работници во прилепската болница секојдневно лекуваат Ковид-позитивни пациенти и тоа оние најтешки случаи кои лежат во модуларната болница или на инфективното одделение, но без плата и без самите тие да бидат здравствено осигурени.

Свесни за ризикот кој го носи нивната работа, 6 сестри и 2 болничарки почнале да работат среде пандемија потпирајќи се на ветувањата дека „следниот месец“ ќе им биде решен статусот.

Дел од нив се распоредени и на други одделенија. Но, сите тие не биле свесни дека и по повеќе од половина година ништо нема да биде сменето.

„Повеќе од осум месеци слушаме само лажни ветувања, а никој нема слух за нашиот проблем. Секојдневно сме изложени на ризик од зараза, а без здравствено осигурување и во моментов една од нас е позитивна. Работат редовно и по 12 саати, 8 саати, ноќни транспорти се. Работат во модуларната болница, инфективно одделение, стерилизација и по други одделенија. Веќе поминаа 8 месеци. “ – вели Симона Петреска, медицинска сестра во ЈЗУ Општа болница Прилеп.

Од менаџментот на прилепската болница велат дека причина за неисполнетите ветувања кон дел од нивните здравствени работници е спојувањето на двата правни субјекти, Здравствениот дом и Општата болница – Прилеп.

Уверуваат дека во моментов се подготвува нова систематизација која чека на одобрување од страна на Министерството за здравство и Министерството за информатичко општество.

Потоа ќе може да се распишат и огласи за работни места кои ќе бидат одобрени, информира Кети Смилеска, директорка на општата болница „Борка Талески“ во Прилеп.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар кај Психијатриската болница во Бардовци – евакуирани пациенти и персонал

Дејан Дејан

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Пожар кон граничниот премин Блаце, се шири кон шума

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе