Спорт Фудбал

По шест години истрага конечно обвиненија за Блатер и Платини

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер и поранешниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини се обвинети за измама во Швајцарија.

Јавното обвинителство во оваа земја го товари Блатер за незаконско префрлање на 2 милиони швајцарски франци на сметката на Платини во 2011 година.

Според обвинителот, со ова била нанесена финансиска штета на ФИФА, а поранешниот прв човек на европскиот фудбал незаконски се збогатил. Двајцата поранешни највисоки фудбалски функционери ќе се појават на судење во Белицона.

Случајот беше отворен во 2015 година, откако Етичкиот комитет на ФИФА спроведе независна истрага во работењето на ФИФА по бројните обвинувања за корупција од медиумите. Доколку Блатер и Платини бидат прогласени за виновни тогаш ги очекува затворска казна од неколку години и големи парични казни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе