Откако поради медицинските протоколи во Италија, Кристијан Ериксен не може да биде регистриран за мечевите на Интер во Серија А, данскиот репрезентативец најверојатно ќе се врати во Ајакс.
Ериксен за време на натпреварот со Финска на Европското првенство преживеа срцев удар и поради тоа подоцна му беше вграден дефибрилатор со кој регулира работењето на срцето и поради тоа тој не може да настапува во Италијанското првенство.
Според медиумите во Холандија во оваа земја не важат овие строги медицински правила и поради тоа данскиот интернационалец која сака да се врати на терените може да потпише договор со Ајакс и да ја продолжи кариерата.
Дваесет и девет годишниот Ериксен дел од својата кариера мина токму во тимот од Амстердам и пред да се пресели во Тотенхем за Ајакс во периодот од 2010 до 2013 година одигра 113 натпревари и постигна 25 гола.