Спорт Фудбал

Тотенхем го отпушти Нуно Еспирито, Конте нов менаџер

По само четири месеци минати на клупата на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто доби отказ. Лондонскиот клуб сезонава има разочарувачки резултати, а решавачки за судбината на Португалецот беа двата порази во низа, особено неуспехот против Манчестер Јунајтед.

Дуелот во Лондон требаше да биде решавачки за судбината на Оле Гунар Солшер, чија судбина зависеше од епилогот на натпреварот Тотенхем, а настрада неговиот колега на спротивната страна. Еспирито Санто мора да се повлече од функцијата, Тотенхем од почетокот на првенството во 10 натпревари има по пет победи и порази и во моментов се наоѓа на десеттото место, далеку од битката за шампионската титула.

По смената на менаџерската функција, челниците на клубот експресно успеаа да најдат замена и во продолжението на клупата на Тотенхем ќе седне Антонио Конте, кој начелно ја прифатил понудата и во текот на денот треба да пристигне во Лондон каде треба да стави потпис на новиот договор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе