Вести Македонија Најважни

Што предвидуваат Уставот и собранискиот Деловник по оставката на премиерот

Согласно Уставот, член 93, Владата на која и е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада.

Значи, формално-правно, премиерот и актуелната влада продолжуваат со работа сѐ додека претседателот на државата не го довери мандатот за состав на Влада на кандидатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Потоа, новиот мандатор во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, треба на Собранието да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата.

Член 219 од деловникот на собранието вели: Владата, претседателот на Владата или член на влада може да поднесе оставка до претседателот на собранието во писмена форма кој потоа веднаш ја доставува до претседателот на државата и до пратениците.

А според член 220 од деловникот, собранието на првата наредна седница без претрес констатира дека на претседателот на владата и на членовите им престанал мандатот на денот на одржување на седницата.

Што се однесува до најавената оставка на лидерката позиција на СДСМ, според партискиот статут, Извршниот одбор на партијата во рок од 15 дена од констарирањето на оставката треба да распише вонреден конгрес за распишување на внатрепартиски избори за нов претседател.

Значи, никој од актуелните потпретседатели, според сегашниот статус на партијата, не може да ја врши претседателската функција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе