Вести Македонија

Пендаровски ќе учествува на Светскиот лидерски самит за климатски промени во Глазгов

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре во Глазгов ќе учествува на Светскиот лидерски самит во рамки на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26).

Пендаровски ќе присуствува на отворањето на самитот и ќе се обрати на пленарната сесија на собирот, а ќе присуствува и на приемот што за лидерите учесници на самитот ќе го приреди премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, соопшти кабинетот на шеофт на државата.

Претседателот Пендаровски ќе присуствува и на настанот со кој ќе се означи почетокот на глобалната заложба за метан, како иницијатива на претседателот на САД, Џозеф Бајден и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, како и на лидерскиот настан „Акција и солидарност – критичната деценија“, во организација на британскиот премиер Борис Џонсон.

За време на престојот, претседателот Пендаровски во Единбург ќе има средба со македонски студенти во Шкотска, стипендисти на Министерството за образование и наука и програмата Чивнинг.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе