Ковид19 Македонија

Државниот ревизор прави уште три ревизии за парите потрошени во пандемијата, набавката на вакцините најверојатно догодина ќе оди на проверка

ДЗР за да излезе во пресрет на предизвиците со кои е соочена нашата држава поради пандемијата со вирусот Ковид-19, а во исто време постапувајќи по насоките на Светска Банка за ефективноста на активностите на Врховните ревизорски институции во услови на пандемија и давање придонес за начинот на справување со пандемијата, Главниот државен ревизор донесе  измена на Годишната програма за работа на ДЗР за 2020 година во која предвиде и спроведе две ревизии на усогласеност кои се однесуваат на аспекти на мерките за справување со кризата предизвикана од глобалната пандемија, односно ревизии на тема:

  • Доделување на договори за јавни набавки од страна на институциите во јавниот сектор со цел превенција и заштита од пандемијата предизвикана од корона вирус – ЦОВИД-19 и
  • Добивање на нефинансиски помош, распределба и користење од страна на институциите во јавниот сектор со цел превенција и заштита од пандемијата предизвикана од корона вирус”.

Овие ревизорски извештаи се објавени на веб страната на ДЗР (www.dzr.mk).

Во исто време со Годишната програма за работа за 2021 предвидени се три ревизии на успешност на тема:

  • Ефективноста на економските мерки на Владата на РСМ за справување со кризата предизвикана од вирусот КОВИД-19
  • Преземени мерки и политики за поддршка на вработувањето и професиите погодени од здравствено- економската криза предизвикана од пандемијата на Корона Вирусот -ЦОВИД-19 и
  • Ефикасност на преземените мерки и политики за намалување на ефектите од пандемијата во секторот туризам.

Согласно законските надлежности, по нивното завршување на овие  ревизии Конечните ревизорски извештаи ќе бидат објавени на њеб страната на ДЗР.

Би сакале да истакнеме дека Република Северна Македонија во месец април 2020 година се задолжила кај Меѓународниот монетарен фонд со Инструмент за брзо финансирање во износ од 140.300.000 специјални права за влечење (околу 192 милиони долари), кој е наменет за поддршка на Буџетот на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 100 од 13.04.2020 година)

Државниот завод за ревизија истакнува дека државата ги набавила вакцините  против ЦОВИД-19 во 2021 година.

Постапувајќи ги методолошките акти за стратешко и годишно планирање на ревизиите, Државниот завод за ревизија, ќе го земе во предвид вашиот инпут при подготвувањето на Годишната програма за 2022 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе