Вести Македонија

Бибер: Да се даде оставка без да се има потреба за тоа, претставува редок чекор на политичка храброст

Политичкиот аналитичар Флоријан Бибер, по синоќешната оставка на премиерот Зоран Заев на двете позиции, оценува дека во тоа има една добра и две лоши вести.

– Добрата вест е да се даде оставка без да се има потреба за тоа, претставува редок чекор на политичка храброст и покажува дека преземањето политичка одговорност е можно. Лошата вест е дека опозицијата е нереконструирана, националистичка и про-Орбан, смета Бибер.

Бибер исто така оценува дека оставката на Заев се должи на сопствените грешки на СДСМ. Причините за ваквата ситуација со оставката на Заев од челната позиција на СДСМ и од премиерската функција, се во застојот во реформскиот процес и лошо водената кампања, но и поради неуспехот на Европската Унија да испорача почеток на преговори поради бугарската блокада, напиша Бибер на Твитер.

Според него, исто така, нема јасен наследник на премиерската позиција и не се знае дали тој ќе може да креира моментум за ре-старт на сериозен реформски процес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе