Вести Македонија Најважни

Собранието ја чека оставката на Заев

Координаторите на пратеничките групи утрово се сретнаа во законодавниот дом разговарајќи за сите опции и процедури  по најавената оставка на Премиерот Заев. Оставката до овој момент се уште не е депонирана во Собранието. Според членот 93 од Уставот,, Оставката на Претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на целата Влада.

Владата на која и е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на новата Влада. Тоа значи дека формално-правно, Премиерот и Владата продолжуваат со работа се додека Претседателот на државата не го довери мандатот за состав на Влада на кандидатот на партијата, односно партиите кои имаат мнозинство во Собранието

.Според  собранискиот Деловник, член 219  „Владата, претседателот на Владата или член на Влада може да поднесе оставка до Претседателот на Собранието во писмена форма кој потоа веднаш ја доставува до Претседателот на државата и до пратениците“. Оставката се констатира на првата наредна седница. Од кабинетот на Претседателот на државата Стево Пендаровски велат дека тој се уште официјално не е информиран за оставката.

Кога ќе биде информиран за евентуално поднесена оставка, Претседателот , во рамките на уставниот рок од 10 дена по извршени консултации ќе го додели мандатот за состав на Влада на партијата или партиите коишто имаат мнозинство во Собранието.

 

По  доделувањето на мандатот, мандатарот има рок од 20 дена да му поднесе на Собранието програма и да го предложи составот на новата Влада.

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ  смета дека состојбата во државата е премногу сериозна и постојат големи политички и институционални предизвици како што се носењето на буџетот, менаџирањето со ковид пандемијата, енергетската криза. Токму поради тоа тие ќе се обидат во наредниот период да формираат ново парламентарно мнозинство а ако не успеат , ќе иницираат предвремени избори.

За разлика од ВМРО ДПМНЕ, Заев смета   дека нема потреба од вонредни парламентарни избори и најави дека ќе остане додека се реорганизира нова влада со прогресивно мнозинство.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе