Во 15 часот излезноста била помасовна отколку во првиот круг покажуваат бројките на избпрната комисија.
Битола 42,24% излезност, биле 35,94% во првиот круг или 6,30% повеќе има излезност сега.
Охрид 41,01% денес до 17 часот, пред две недели гласале 35,94% или 5,07% повеќе сега.
Кочани 38,55%, а во првиот круг 31,84% или 6,71% повеќе во вториот круг.
Кичево 32,44% одзив до 17 ч., додека во првиот круг имало 30,31 % односно има 2,13 % гласчаи повеќе.
Тетово 31,01 %, или 5,6 % повисок одзив од првиот круг кога гласале 25,41% до 17 часот.
Куманово излезност од 29,6 %, имало 28,56% одзив во првиот круг односно денес се забележани 1,04% повеќе гласачи.
Струга 28,20% денеска и има помалку отколку пред две недели кога имаше 28,42%. Единствена градска општина надвор од Скопје која има полоша излезност.
Гостивар 28,15 % во втор круг, додека 23,97% во истиот период од денот пред две недели или за 1,18% повисок одзив денеска.
Најмногу одзив до 15 часот има во Вевчани 66,54% (две третини од запишаните веќе гласале на трите избирачки места, потоа Ранковце 60,15 % и Конче 59,31%. И во овие три општини е зголемена излезноста од првиот круг во истиот период,