Македонија Најважни

Мицкоски: Покажавме дека е можен опозициски блок кој ќе победи на следните избори, најверојатно предвремени

Македoнијa е преважна за мали соништа, стравот никогаш не ја гради иднината но надежта да, Македонијо од вечерва започнуваш да го живееш нашиот сон, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Кажете им на нашите браќа и сестри, од сите краеви на Македонија, ова е денот од кога почуваат промените, промени кон подобро, промени на имиџот на државата, за обединување, за подобар живот и силен стандард. Ова е победа на народот на Македонија, изјави Мицкоски.

Им се заблагодари на сите граѓани кои излегле да гласаат, но и тие кои не излегле, како и на партиите од коалицијата и партиите со кои соработуваа на изборите.

Заедно успеавме да ги победиме, успехот е можен затоа што вербата е сигурна. Благодарност до политичките партии кои нѐ подржаа, како алтернатива, алијанса за албанците, Левица на димитар апасиев, затоа што сите заедно срушивме бариери. Покажавме дека еден широк опозициски фронт е возможен и поставивме основи за идна соработка и идна владина коалиција, врз база на принципи и вредности на спојување и меѓусебна почит и разбирање. Покажавме дека и покрај разликите можеме да се обединиме за една заедничка цел. Македонија без корупција која ќе се развива и оди напред, која ќе се бориме да биде интегрирана во ЕУ, на стабилен систем каков што немаме. Тоа докажува дека еден опозициски блок е речиси сосема извесен и истиот тој ќе донесе голема победа на следните парламентарни избори кои многу е веројатно дека ќе бидат предвремени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе