Вести Македонија

Во Шуто Оризари во едно избирачко место се бира и градоначалник и советници

Во мирна атмосфера и без поголеми потешкотии со биометриската идентификација тече гласањето во вториот  круг на локалните избори во општина Шуто Оризари во основното училиште „26 јули“. Граѓаните сметаат дека во овој случај дури и повеќе се почитуваат здравствените протоколи без турканиците кои можеа да се забележат во првиот круг.

За сега немаме некои проблеми. Исто така и со уредот имаме значително подобрување. Протокот на гласачи се одвива многу побрзо за разлика од минатиот пат и се надевам дека процесот ќе продолжи до самиот крај успешно.

На изборното место во основното училиште „Петар Здравковски- Пенко“ во Чаир гласачкото место било навремено отворено, сепак и овој пат дел од граѓаните имале мали потешкотии да се идентификуваат.

Нема никакви проблеми, единствено со постарата генерација со показалецот е малку попроблематично, но за сега нема никакви проблеми.

 

Нема никакви проблеми. Мислам дека сега дури со уредите е и подобро можеби постарите лица кои не може да ги фати, меѓутоа преку матичниот број тоа успешно се решава.  

Во претпладневните часови гласањето во училиштето „ Ј.Х Песталоци“ во општина Центар се одвиваше мирно. Граѓаните се надеваат дека така ќе продолжи и до крајот на денот.

За сите случаи на евентуални потешкотии со биометриската идентификација членовите на избирачките одбори ја известуваат ДИК за истите проблеми да бидат навремено надминати.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе