Вести Локални избори 2021 Македонија Најважни

Беса прогласи победа во Тетово: Биљал Касами нов градоначалник

Генералниот секретар на Движење Беса, Аријанит Хоџа на прес-конференција во партиското седиште во Тетово изјави дека неговата партија и лидерот Биљал Касами ја освои градоначалничката функција.

– Од 80 отсто преброени гласови, разликата е 5.500 гласови во корист на Беса. Во Тетово, разликата е огромна, победата е близу до нас, бидејќи нема шанси таа разлика да се намали. Останаа уште неколку избирачки места што се во градот, по тоа што го добивме до сега резултатот секаде е 3 на 1 во наша корист, така што оваа победа е победа на сите граѓани. Им се заблагодарувам на сите тие што не поддржаа, изјави Хоџа.

Тој оцени дека ДУИ не доби доволно гласови и покрај поддршката од другите партии.

– ДПА и Алтернатива не можеа да ја поддржат Теута Арифи и со нивна поддршка не успеаја да го добијат резултатот што го очекуваа. Победата на Тетово е многу важна за Беса, сега зборуваме за сосема нова визија, треба да се гради политичката сцена, Беса се враќа многу јако. За жал заради случувањата во Беса, треба да се вратиме на резултатот што го имавме во 2016-та година, но со победата во Тетово и Желино, ќе бидеме најголемиот конкурент на ДУИ и реално со овој ентузијазам што го гледаме, младите што се приклучени, може да победиме на парламентарните избори, истакна Хоџа.

Тој најави дека партијата ќе слави на плоштад во Тетово.

Претходно, кандидатката на ДУИ за градоначалник на Тетово, Теута Арифи на прес-конференција во партиското седиште го призна поразот, изјавувајќи дека според досега пребројаните гласови победува нејзиниот противкандидат од Движење Беса, Биљал Касами.

– Според досегашното броење на резултатите мојот противкандидат има повеќе гласови и Општина Тетово ќе биде водена од мојот против кандидат. Сакам да му честитам на победата и посакувам успешна работа, имајќи го предвид фактот дека Тетово е град со многу предизвици. Сакам да им се заблагодарам на сите тие граѓани кои ме поддржаа и кои застанаа зад концептот што го претставувам јас. Останувам на мислењето дека тој концепт останува прогресивен и времето ќе покаже дека прогресивноста била секогаш на нашата страна, истакна Теута Арифи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски прифати примирје и предложи тоа да се продолжи и по Велигден

Дејан Дејан

Ахмети: Таравари всушност сфатил дека позициите на Албанците во власта се понижувачки

Дејан Дејан

Арагчи: Преговорите со САД напредуваат добро, договорени нови средби следната недела

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе