82 годишниот Панајот Секулов од Кочани денеска во својот дом го оствари правото на глас во вториот круг од Локалните избори. Тој е еден од 754 болни и немоќни лица во Брегалничкиот регион каде се гласа во вкупно 5 општини. Секулов очекува идниот градоначалник да ги подобри условите за живот, да ги реши комуналните проблеми.
- Идните градоначалници да бидат чесни, да не се краде, тоа е многу важно и за општината и за луѓето кои живеат во тие општини, рече Панајот Секулов.
Гласањето на болните и немоќни лица, ковид болните како и во Домовите за стари лица во општина Кочани се одвива без проблеми.
- Кај болни и немоќни лица одат избирачките одбори кои се распоредени по избирачки места, додека за позитвните на КОВИД има посебен избирачки одбор од медицнксии лица кои одат во псоета и гласаат позитивните на КОВИД, рече Билјана Димовска Гичева, ОИК Кочани.
Во трите општини во Преспанко Пелагонискиот регион, Битола, Ресен и Демир Хисар каде градоначлник ќе се избира во втроиот круг, денес гласаа 612 болни и немоќни лица и 52 лица позитивни на ковид и во изолација. Во Битола, за речиси двојно поголем е бројот на граѓани кои гласаа во своите домови, во споредба со првиот круг.
- Денеска во Битола гласат 161 болно и немоѓно лице, во Затворот гласаат 56 лица, се гласа во Домот за стари лица- 61 лице, потоа три лица од куќен притвор и 19 лица во излоација од КОВИД-19, изјави Ирена Велјановски, потпретседател ОИК Битола.
Денска гласаат и затворениците во казненопоправните установи низ дражавата, а во најголемиот затвор Идризово право на глас остварија 863 осудени лица.
- Во вториот изборен круг своето право на глас ќе го оставрат лица од 36 различни општини, секое лице гласа за градоначалникот на својата општина според местото на живеење, рече Христина Чурлева претседател на ОИК Гази Баба.
Ден порано, правото на глас во вториот круг од локалните избори можат да го оставрат 7645 гласачи, од кои 5588 болни и немоќни лица и лица во куќен притвор, 376 заболени од КОВИД и во изолација, 266 штитенци во Домовите за стари лица и 1409 затвореници во 14 казненопоправни установи низ дражавата.
Емилија Мисирлиевска
https://youtu.be/O7-dGhv7p5U