Ковид19 Македонија

Нови 417 ковид-случаи и девет починати во изминатото деноноќие

Нови 417 случаи на КОВИД-19 од 2964 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа. Оздравени се 329 пациенти и девет се починати, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Дополнително, пријавено е уште едно починато лице согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, со датум на смрт од 24 октомври 2021.

Од новозаразените 417, во Скопје се 155, Прилеп – 31, Куманово и Велес имаат по 26, Кавадарци – 24, Битола и Штип по 17, Крива Паланка – 14, Кочани – 13, Тетово – 11, Охрид и Пробиштип по 10 случаи, Радовиш – седум, Свети Николе, Делчево и Кратово по шест новозаразени, Гевгелија, Ресен, Берово и Демир Хисар по пет, Струмица, Кичево, Неготино, Виница и Македонска Каменица по три, Пехчево – два и еден нов случај има во Крушево.

Од деветемина починати во изминатото деноноќие, по двајца се од Скопје (60г и 64г)  и Кочани (45г и 64г) и по едно починато лице од Куманово (75г), Тетово (79г), Штип (66г), Битола (82г) и Крива Паланка (38г). Сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавено е починато лице на возраст од 84 години, со датум на смрт од 24 октомври 2021,  починат во болнички услови.

Регистрирани сe 329 оздравени пациенти: Скопје – 151, Куманово – 35, Велес и Штип – по 15, Кавадарци – 14, Кочани – 12, Битола – 11, Прилеп – 10, Струмица – девет, Гевгелија – осум, Свети Николе – седум, Неготино, Берово и Пробиштип по пет, Тетово, Кичево и Крива Паланка имаат по четири оздравени, Кратово – тројца, Гостивар, Валандово, Богданци, Крушево и Пехчево по двајца и по еден оздравен пациент од Радовиш и Демир Хисар.

Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна  201 708 од направени 1 378 530 тестирања. Оздравени се 188 024 пациенти, починати 7108, а активни случаи во државата има 6576.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе