Ковид19 Македонија

Блумберг: Каде се парите од корона заемот на ММФ?

Медиумската компанија Блумберг ја нареди Македонија во лошо друштво со неколку африкански и јужно-американски држави поради недоволна контрола како се трошеле парите од заемот на ММФ за справување со последиците од короната доделени лани во пролет. Десет држави не направиле ревизија и контрола иако тоа било задолжителна обврска, а за Македонија стои дека „пред короната МФФ изразил загриженост за добро владеење во Северна Македонија“.

Заемот од 192 милиони долари не бил изложен на ревизија, кое што Транспаренси интернешнл го нарече „алармантно“. (Државата е на 111-тото место според Индексот на корупција, втор најслаб резултат во Источна Европа). Во март претседателот на ДКСК извести дека е отворена постапка за извештаите за злоупотреби при набавка на вакцини, објавени во италијански весник, се вели во извештајот на Блумберг.

Од министерството за финансии ни одговорија дека парите од ММФ кои стигнале во април лани во државниот буџет, завршиле во најмногу погодените сектори.

Преку Инструментот за брзо финансирање на ММФ, преку кој РС Македонија минатата година обезбеди  176,7 милиони евра, се обезбедува поддршка за да се задоволи широк спектар на итни потреби кои произлегуваат од вонредни состојби кои можат да ја погодат земјата.  Со оваа помош од ММФ се помогна во финансирањето на донесените пакети антикризни мерки,  преземените мерки за поддршка на здравствениот сектор и  исполнување на потребите кои произлегуваа од појавата на КОВИД-19, велат од министерството за финансии.

Блумберг ја цитира влијателната Транспаренси дека не е направена ревизија. Во Македонија не е направена посебна ревизија за заемот на ММФ туку се направени две ревизии поврзани со корона пандемијата. Првиот извештај е за нефинансиските донации и како се распределувале по здравствените и другите институции.

Вториот ревизорски на ДЗР е за тендерите и набавките, при што е наведено дека „88% од набавките се спроведени со користење на постапката со преговарање без објавување на оглас“.

Ревизорите заклучиле дека не е регулирана итноста на јавни набавки во кризна или вонредна состојба, како што беше прогласена во епидемијата.

Двата извештаи се објавени во јули, а со овие ревизии е опфатен и периодот кога била трошени парите од заемот на ММФ, кои не биле посебно издвоени.

Во моментот се одвиваат уште три ревизии на мерките спроведени во пандемијата, одговорија од Државниот ревизорски завод.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе