Економија Топ вести

Енергетски експерти: Граѓаните да се подготват за повисоки сметки за 20-30% до година

Цената на електричната енергија за домаќинствата може да се порасне за 20 до 30 проценти идната година – предупредуваат енергетските експерти. Велат заврши ерата на евтината струја. Апелираат државата да ги заштити ранливите категории на граѓани зошто процентот на енергетска сиромаштија е висок.

До сега и немаше покачување на цената на струјата да речеме и за домаќинствата и за стопанството. Но после ваков период и после енергетска криза ваква нормално е да се очекува дека цената на електричната енергија ќе се качи, вели експертот по енергетика Горан Паунов.

Експертите не очекуваат земјава да се соочи со рестрикции на струја. Велат тоа може да се случи само ако регионалните енергетски систими од кои сега влечеме по 300-400 мегават часови струја не испуштат од раце и останеме само со домашното производство.

Ние како систем сме врзани во регионалниот пазар, мислам регионалниот технички систем електроенергетски и ние како што спомна околу 300-400 мегавати увезуваме во секој момент, мислам увезуваме или сме ослонети на тој систем. Може како мал електроенергетски систем се уште може  да не трпат, Грција Србија на север на југ Бугарија тие се јаки системи и не држат како мали деца за рачиња, се додека не не испуштат. Ако не испуштат тогаш ќе си останеме сами на домашните капацитети, е тек тогаш може рестрикции да има, ама не би требало да има, вели универзитетскиот професор Антон Чаушевски.

Надлежните се уште кријат колку резерви на јаглен има и за колку денови работа на РЕК Битола и покрај информациите дека количините се незначителни за само неколку денови. Сепак на состанокот со енергетските компании беше одлучено дека нема услови за воведување на кризна енергетска состојба  барем до Нова Година. Министерот Бектеши рече дека до тогаш производството ќе биде стабилно.  А за до крајот на годинава имаше гаранции и за цената на струјата за домаќинствата. За по тоа рече никој ништо не знае.  Надлежните спасот од енергетската криза го гледаат во активирање на домашните енергетски капацитети. И додека се чека дали на вториот тендер ќе се најде од каде да се увезат  900.000 тони јаглен за РЕК Битола, се прави сценарио и за активирање на ТЕЦ Неготино за што треба да се распише јавен повик за итна набавка на мазут.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе