По поразот од Рајо Ваљекано, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта му врачи отказ на тренерот Роналд Куман, а медиумите во Шпанија веќе лицитираат за можните наследници на Холанѓанецот.
Како најсериозен кандидат за преземање на тренерската функција се потенцира поранешниот капитен на Каталонците, Чави кој во моментов има ангажман во катарскиот Ал Сад.
На листата на потенцијални кандидати се споменуваат селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, Андреа Пирло, Марсело Гаљардо и Ерик тен Хаг, но се чини дека токму Чави има најголеми шанси да ја седне на клупата на тимот од Камп Ноу.
Куман за предвремен раскин на соработката според договорот ќе добие обештетување од 12 милиони евра, а до именувањето на новиот шеф на струката со првиот тим ќе работи досегашниот помошник Серџи Бархуан, кој ја води Б екипата на Барселона.