Вести Локални избори 2021 Македонија

Максим Димитриевски објавува заканувачки пораки за негова симпатизерка пратени од поранешен затвореник според него близок на СДСМ-во полиција не е пријавено

Од штабот на Димитриевски објавија пораки за кои тврдат дека се закани од поранешен затвореник кон симпатизерка на актуелниот градоначалник кој како независен кандидат бара втор мандат. Во објавените фотографии стои дека закната се однеува на дете на симпатизерката.

Од СВР Куманово одговорија дека закните кои според прес конференцијата биле пред првиот круг и пред два дена воопшто не се пријавени од никого.

-Згрозени сме од начинот на функционирање на поединци кои имаат за цел да се закануваат по човечки животи и да ги плашат нашите активисти. Погледнете ги следниве пораки кои се испраќани целиот овој изминат период на жена активист за нејзиното дете во време на кампања за локални избори, изјавија од независната листа на група граѓани кои го подржуваат Димитриевски, а го објавија и бројот од наводниот заканувач, но и пораките.

-Првата порака којашто е испратена на 16-ти октомври 2021, на еден ден пред првиот круг, од телефонскиот број 076 866 464 е испратена следнава порака:

„Максо нон стоп спомнува несреќен случај за некое дете води ред и твоето така да не се спомнува, а дете убаво си вози мотор. Последна опомена“.

По 5 минути, повторно уште една порака, која гласи:

„Додека си таму поздрави се последен уште малку па бивши градоначалник“.

Како смеете да се заканувате за нечии деца? Загрижувачки е ова што се случува!

Но, комуникацијата не завршува тука. На 26-ти октомври во 18:22 часот, повторно уште една порака:

„Убав ден денеска на дете ти роденден, другар ти Максо го покани ли, може да биде последен роденден да се подружите”.

4 минути подоцна, уште една порака:

„Многу убаво те опоменавме да се повлечеш ама ти не. што и да се случи сама си крива“.

-Според наши неофицијални информации со кои располагаме, станува збор за лице кое е поранешен осуденик и кое издржувало казна затвор, а во моментов е во штабот на СДСМ, соопштија од штабот на Димитриевски.  Овој случај е пријавен во Министерството за внатешни работи. Досега имаме пријавено многу случаи во МВР, но оваа институција не реагира, истакнаа од кандидатската листа која како независна група граѓани го поддржува сегашниот градоначалник на Куманово.

Но од МВР се децидни дека досега случајот и настанот не е пријавен во СВР Куманово во кој што има посебен интервентен тим, додека во обвинителството функционира посебна група за избори, кое може да реагира по допрен глас.

Во кумановската полиција се истражуваат сите пријавени инциденти и настани како што беше двонасочната пријава од Резеп Реџеповски и Самет Салиевски.

-Првите пораки се упатени на 16-ти октомври уште пред првиот круг, соопшти Николај Павловски од Граѓанска иницијатива „За наше Куманово“.

Според одговорот на МВР, заканите не биле пријавени тогаш, а јавно за нив беше известена  јавноста денеска откако пред два дена повторно имало закани.

Објавениот телефонски број денеска беше недостапен, а нема ниту активен вибер акаунт преку кој може да се види сопственикот на бројот.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошувачката кошничка не смее да се крати од четиричлено на тричлено семејство – интервју со Менди Ќура

Дејан Дејан

Научниците пронајдоа можни услови за живот на планета која е оддалечена 124 светлосни години од Земјата

Дејан Дејан

ДУИ ќе профитира најмногу од промените во коалицијата „Вреди“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе