Спорт Фудбал

Ајакс водечки по производство на таленти

Во анализата на Институтот за фудбалски истражувања, холандскиот првак Ајакс е клубот кој има најмногу фудбалери во европските клубови. Од петте најсилни лиги на Стариот континент Реал Мадрид е тимот кој има најмногу играчи кои во дел од својата кариера минале во клубот од шпанската престолнина.

Во анализата се опфатени 31 клуб од Европа, а Ајакс со 81 фудбалер е водечки во оваа конкуренција. Просечната возраст на играчите кои биле дел од екипата од Амстердам е 26 години и четири месеци и тие во просек во своите клубови играат по 27,3 натпревари во една сезона.

Веднаш зад Ајакс со 75 фудбалери е Шахтар Доњецк додека на делба на третата позиција со по 70 играчи се Спортинг Лисабон, Динамо Киев и Динамо Загреб. Високо котираат уште два клуба од нашиот регион, а станува збор за Партизан со 69 и Црвена Звезда со 56 фудбалери.

Меѓу првите десет се вечните ривали во шпанскиот фудбал, Реал Мадрид и Барселона кои се лидери меѓу клубовите од петте најсилни лиги во Европа. Кралскиот клуб во европските екипи има 62-ца играчи додека Каталонците имаат свои играчи во 57 тима.

Во оваа конкуренција трет е Арсенал 51, а меѓу петте водечки се уште Лион и Пари Сен Жермен.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Македонија триумфираше над Литванија за нов пласман на ЕП

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Мотокрос атракција на патеката во Орман

Дејан Дејан

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе