Преполовен обидот за дебата меѓу четирите советнички групи во Општина Центар. На покана на Шанса за Центар дојдоа само двајца советници на СДСМ, а иако поканети не присуствуваа ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Присутните убедуваат ова не е нова коалиција туку начин да се усогласат во работењето.
Иако поканета не дојди ниту кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник Наташа Котлар. Кандидатот на СДСМ пак Горан Герасимовски, вели дека очекува гласови во вториот круг од сите граѓани, не само од гласачите на Шанса за центар.
Урбанизмот сепак беше главна тема, како ќе се реши урбанистичкиот хаос и дали ќе се најде решение за веќе започнатите проекти, како што се висококатниците кај Холидеј ин па и земјиштето кај Треска. Инаку новиот состав на општината брои 9 советници на СДСМ, 8 на ВМРО-ДПМНЕ и по тројца од Левица и Шанса за Центар. Втора шанса имаат кандидатите за градоначалници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Билјана Николовска