Вести Локални избори 2021 Македонија

Котлар: Зона 30 пред училиштата, со помала брзина за поголема безбедност на учениците

Кандидатката за градоначалник на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ Наташа Котлар вети дека ако биде избрана за следните четири години пред училиштата и градинките ќе воведе Зона 30, физички препреки на улиците, визуелна и светлосна сигнализација.

– Се наоѓам на раскрсницата кај училиштето „Кочо Рацин“, безбедноста на учесниците во сообраќајот, сообено на дечињата и на ученициоте за нас е многу важна. Затоа пред училиштата и градинките ќе воведеме Зона 30, со максимална брзина на возилата од 30 километри на час. Ќе поставиме визички препреки на улиците, визуелна и светлосна сигнализација, истакна Котлар.

Таа потенцира дека секое училиште за децата од прво до петто одделение ќе има свој редар со жолт елек и знак Стоп, кој ќе може да го сопре сообраќајот кога ќе поминува поголема група на ученици.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Воз удри во автомобил кај Зелениково – МВР соопшти дека нема повредени

Дејан Дејан

Димовски: Потребна ни е сплотеност за подобра иднина на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе