Локални избори 2021 Македонија

Шилегов не чувствува притисок од најавата за оставка на Заев доколку изгуби во вториот круг од Арсовска

Кандидатот на СДСМ и актуелен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов не чувствува притисок по најавата на премиерот Заев дека ќе поднесе оставка, доколку тој изгуби во втиот круг. И покрај тоа што најавуваше победа во Скопје уште во првиот круг Шилегов во вечерашното гостување на Топ Тема рече дека ја сфатил пораката која што скопјани му ја испратија на 17 октомври.

Скопјани, кои што можеби беа оправдано гневни поради определени политики кои што беа спроведувани на сите нивоа, својот гнев го испорачаа во првиот круг. Меѓутоа сега треба да се договориме кој од нас двајцата треба да го води овој град. Јас сум убеден дека граѓаните ги препознаваат стратешките политики кои што се имплементирани во нашиот град, и дека ќе успееме да се договориме со граѓаните дека јас треба да продолжам, рече Шилегов.

Во првиот круг Шилегов освои повеќе гласови само во Центар, Карпош, Чаир, Сарај и Шуто Оризари, за разлика од Арсовска која ги доби останатите пет скопски општини со речиси 8.000 гласови разлика. Запрашан како ќе ја надомести таа разлика, ако се земе в предвид дека во повеќето општини веќе беа избрани градоначалници во првиот круг, Шилегов вели дека никој не располага со гласовите и локалните избори се моментот кога граѓаните имаат најголемо влијание.

Во првиот изборен круг беше многу легитимно, и тоа е убавината на демократијата во која што сега живееме, да многу луѓе помислат, и тоа е навистина така, секаде е стандард кога е локалната самоуправа во прашање многу луѓе чувствуваат потреба дека тука можат да се изразат, затоа што тука им е пореален политичкиот резултат. Така што дисперзијата беше и легитимна, и нормална, и очекувана, меѓутоа очекувам дека, добар дел од луѓето кои таму ја реализираа својата цел, ќе дадат подршка во вториот изборен круг. Не верувам во тоа дека некој носи во џеб нечии гласови, рече Шилегов.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Воз удри во автомобил кај Зелениково – МВР соопшти дека нема повредени

Дејан Дејан

Димовски: Потребна ни е сплотеност за подобра иднина на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе