Вести Економија

Како е замислено решението на проблемот со струја- се огласи премиерот Заев

Премиерот Зоран Заев рече дека државата ја гарантира цената на струјата и таа нема да се промени до крајот на годината затоа што ќе се активираат сите домашни ресурси за производство на електрична енергија за вкупните потреби на граѓаните.

-Доколку е тоа потребно, подготвени се посебни пакети како ваучери за домаќинствата кои од економско-социјален аспект ќе ја компензираат евентуалната разлика во цената како инструменти за поддршка на граѓаните. Како што се погриживме за ублажување на последиците од растот на цената на струјата со намалување на ДДВ-то, така подготвуваме и соодветен пакет во интерес на граѓаните. Се откажавме во приходи во државата, во интерес на социјалната и економска сигурност на граѓаните, нагласи премиерот Зоран Заев во интервјуто за Сител.

Тој додава дека станува збор за меѓународен проблем кој се прелева и во нашата земја како отворена економија која и во таква ситуација се грижи за социјалниот аспект и за ублажување на влијанијата на отворените берзи за струја каде што цената е повисока за 3 до 4 пати.

Премиерот Заев посочи дека се преземени сите активности за активирање на третиот блок на РЕК Битола со набавка на дополнителни количини јаглен, со што ќе се активира повторно и ТЕЦ Осломеј, а со Стопанските комори е остварена комуникација за подготвеност за набавка на мазут за ТЕЦ Осломеј.

-Енергетскиот систем треба да се гледа во неговиот полн капацитет. Ние треба да го исполниме системот со производство прво од сите можни домашни капацитети, а потоа да се види дали треба преку мрежата да се избалансира недостатокот од електрична енергија, но се надевам дека за тоа нема да има потреба“, рече премиерот Заев во интервјуто за ТВ Сител.

Поради зголемена потрошувачка, минимален увоз и недоволно производство на електрична енергија, МЕПСО зема струја од европската енергетска мрежа за што таа државна компанија за пренос, само во октомври досега треба да плати над 10 милиони евра, а исто така доби и 4 предупредувања за недозволено преземање струја од седиштето на мрежата во Женева.

Од ЕСМ пак тврдат дека домаќинствата ниту ќе плаќаат поскапа струја ниту ќе ја живеат зимата под рестрикции, затоа што електраните ќе произведат доволно енергија за нив.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Африм Гаши останува дел од ВРЕДИ, парламентарниот спикер се оглас по шпекулациите дека и тој ја напушта коалицијата

Дејан Дејан

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Воз удри во автомобил кај Зелениково – МВР соопшти дека нема повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе