Вести Локални избори 2021 Македонија Најважни

Заев заминува од Илинденска доколку Шилегов загуби во Скопје, но СДСМ останува на власт

Премиерот Зоран Заев вечерва во интервју за ТВ Сител повтори дека ќе си замине од премиерската позиција  доколку неговата партија загуби во вториот круг од локалните избори во Скопје.

Заев рече дека поразот во главниот град, ќе значи и крај за неговото раководење на владата, но не и крај на владеењето на СДСМ.

Владата ќе добие нов премиер од редовите на СДСМ по локалните избори, кажа премиерот Зоран Заев во интервјуто за Сител.

-Скопје е влада во влада. Не можете да бидете лидер и да водите напред, ако се случи да имате спротивставени локални власти. Седејќи дома граѓаните помагаат да се врати режимот, порача Заев кој објаснува дека неговата порака е насочена кон мобилизација на граѓаните пред вториот круг затоа што не може да прифати да има „општини кои го шират национализмот, конзерватизмот и ги делат граѓаните на етничка основа“.

Како е замислено решението на проблемот со струја- се огласи премиерот Заевр

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Воз удри во автомобил кај Зелениково – МВР соопшти дека нема повредени

Дејан Дејан

Димовски: Потребна ни е сплотеност за подобра иднина на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе