Локални избори 2021 Македонија Топ вести

Партиски “пазар” за гласови пред вториот изборен круг во Кичево

Ако Кичево во минатото беше полигон не само за меѓупартиска, туку и за меѓуетничка битка, денес секој со секого коалицира и секој од секого ги бара гласовите за победа. Кичевчани ќе избераат градоначалник во вториот круг, во кој  одат  кандидатот  на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски и кандидатот на ДУИ и актуелен градоначалник Фатмир Дехари Предизборната атмосфера се чувствува насекаде, па ги  прашавме граѓаните за нивните очекувања. Едни се задоволни и се надеваат на уште подобро.

-Двајцата се добри и нека одлучи народот. Кој и да дојде се надеваме дека ќе биде подобро за сите нас, вели кичевчанец

-Недостигаат некои патишта треба да с еасфалтираат, има и други работи, но во градот е направено нешто, вели друг кичевчанец.

Други веќе изгубиле надеж  и  се разочарани  од локлната власт.

-Работата пред избри една недела и после ќе ги снема. Фирми нема скоро никакви, нешто приватно, не функционира скoро ништо, вели жител на Кичево.

-Младите ако живеат како нас, нека си одат кај што треба и готово, вели друг кичевчанец.

Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ   има предност од 250 гласа пред Дехари од ДУИ.  Тој очекува победа во вториот круг со гласовите  на кичевчани, на нивните  симпатизерите, но и на коалиционите партнери од албанскиот блок. Верува дека за него ќе гласа и дијаспората која ДУИ ја повикува на помош за нивниот кандидат, но очекува поддршка и од гласачит на  поранешниот функционер на ДУИ,  Фатмир Лимани, кој  во првиот круг настапи како независен  и освои  4500 гласови.

-Овој кандидат ко освои помалку гасови беше опозиционо распложен, во многу принципи и ставов се согласуваме. И мотото на Фатмир Лимани е дека бара чесна и искрена работа во интерсе на сите граѓани, бара да го запреме трендеот на иселување, биидејќи без нашите деца нас тука ништо не ни е потребно, така што очекувам голема поддршка од нивна страна, рече Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на Кичево

Иако претходно некои медиуми пренесоа дека Лимани му дава поддршка  на ВМРО-ДПМНЕ, тој се огласи преку социјалните мрежи и рече дека не ги купил гласачите со пари и нема право да тргува со нивната воља.

-Народот, а посебно иселениците кои ни веруваа и гласаа, се поголеми  визионери и  подостојни од политичарите.  Така што сите треба слободно да ја искажат својата воља, напиша меѓудругото Фатмир Лимани на ФБ.

СДСМ веќе објави дека во Кичево ќе го поддржи Дехари, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети ја повика кичевската дијаспора на 31 октомври да се врати дома и да гласа за нивниот кандидат.

-Актуелниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари, кој на овие локални избори бара трет мандат можевме да го видиме само на големите билборди низ градот. Тој остана недостпаен и не одгвори на поканата да биде дел од оваа репортажа.

Во градот со 56 илјади жители  и  голема дијаспора, во првиот круг од изборите имаше 45 проценти излезност. Кампањата на кандидатите за градоначалник продолжува, а составот на општиснкиот Совет е веќе познат. Ќе има  8 членови од ДУИ, 7 од ВМРО-ДПМНЕ,  3 СДСМ, по еден советник имаат Алијанса/Алтернатива  и ЛДП, а за првпат сега во овој состав на Совеот на Општина Кичево влегуваат и тројца независни советници од листата на Фатмир Лимани.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шоферско „лудило“- претекнувал колона кај Гостивар, возел дупло побрзо од дозволеното кај Гиновце, среде Кавадарци пијан турнал бандера, какви прекршоци се прават на патиштата низ Македонија

Дејан Дејан

Африм Гаши останува дел од ВРЕДИ, парламентарниот спикер се огласи по шпекулациите дека и тој ја напушта коалицијата

Дејан Дејан

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе