Спорт Фудбал

Работнички и гостува на Шкендија, Македонија ЃП домаќин на Струга

Денеска се комплетира првиот круг од натпреварите во домашниот фудбалски шампионат. Во 11-та рунда бранителот на трофејот Шкендија го пречекува Работнички, кој во Тетово гостува по серија од три натпревари без победа додека домаќинот бара рехабилитација по минатонеделниот пораз од Академија Пандев.

Македонија ЃП им серија од пет дуели без победа и екипата од Ѓорче Петров со новиот тренер Муарем Бајрами пред своите навивачи ќе се обиде да ја прекине лошата серија. Во скоро идентична ситуација е составот на Струга кој исто така во пресрет на денешното гостување во Скопје има низа од четири меча без да го освои целиот плен.

Фудбалерите на Пелистер ја пречекуваат Брегалница и во денешното соочување ќе се обидат да стигнат до првата победа сезонава.

Сите натпревари од денешната програма почнуваат во 14 часот.

 

ФУДБАЛ – ПМФЛ

11. КОЛО

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ

МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА

ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА

СКОПЈЕ – ТИКВЕШ

БОРЕЦ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

ВЧЕРА

ШКУПИ – РЕНОВА                            2:1

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе