Спорт Фудбал

Вардар немаше сили за сензација против Алборг

Вардар го доживеа вториот пораз по ред во ракометната Лига на шампиони. По минатонеделниот негативен резултат против Монпелје во Скопје, вечерва момците на тренерот Веселин Вујовиќ загубија на гостувањето кај Алборг со 33-29.

Данците се реваншираа за поразот во Скопје, а Вардар се чини го загуби натпреварот поради лошиот финиш на првото и стартот на второто полувреме. Резултатот беше неизвесен до 12-12, а потоа Алборг направи серија од 4-1 за на полувреме да замине со водство од 16-13. Првите пет минути од вториот дел беа најлошиот период за „црвено-црните“, кога актуелниот европски вицепрвак поведе со 21-14. Вардар притисна во последните десет минути па со серија од 4-0 се доближи на само два негатива 29-27, но немаше сили за целосен пресврт, бидејќи Алборг го задржа водството и на крајот славеше со 33-29.

Тимур Дибиров беше најефикасен во таборот на нашиот првак со девет голови, сите постигнати во првото полувреме, додека Кевин Њокас имаше седум. Арон Палмарсон со осум голови беше најдобар кај Алборг.

Вардар во следното коло, кое се игра за седум дена, во Скопје го пречекува Кил.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе