Спорт

Интервју со Меси или финале на Вимблдон, новинарските предизвици на Јана Серафимова и Ферплеј кој стартува на ТВ Телма

Јана Серафимова и емисијата Ферплеј стартуваат во сабота на ТВ Телма со што ќе се збогати викенд понудата на телевизискиот канал.

-„Ферплеј“ е ТВ проект на каков што одамна сакав да работам, бидејќи спортот не учи на многу позитивни нешта, а животот и секојдневието на спортистите се  секогаш инспиративни. Па затоа, содржините на оваа емисија ќе имаат забавен и едукативен карактер, нема да бидат наменети само и единствено за спортските фанови, туку сакам да делуваат мотивирачки буквално за сите. Ќе дознаваме каков е патот до постигнувањето на блескави спортски успеси, трофеи и медали за кои не е потребен само талент туку: дисиплина, посветеност, макотрпна работа и НАЈПОСЛЕ – барем малку среќа. А, спортистите од Македонија и странство ќе откријат и што друго е дел од нивниот живот, какви таленти поседуваат освен оние за спорт, што ги исполнува и што ги прави среќни, вели водителката Јана Серафимова.

Колку спортот е дел од твојот живот?

Јана Серафимова: Спортот пред сè го сакаат и следат сите членови на моето семејство. Дома, редовно на ТВ е вклучен некој спортски канал и се гледа некаков натпревар.  Брат ми Никола е фудбалер и единствен кој професионално се занимава со спорт, во моментов како играч на Унгарски Залаегерсег и Македонската фудбалска репрезентација. Јас со спортови или физичка активност се бавам рекреативно, најдолго и најдисциплинирано до сега тренирав кик-бокс. Едно е сигурно – дека поседувам спортски дух.

Емисијата Ферплеј и Јана, свеото деби ќе го имаат со премиерната емисија во која главен гостин е новиот селектор на фудбалската репрезентација Милевски кој го презеде националниот тим по Европското Првенство на кое репрезентацијата за прв пат настапи.

-Има многу спортисти кои би сакала да ги интервјуирам, но број еден на таа листа е Лионел Меси. Причината е и повеќе од јасна, имам милион прашања за играчот кој важи за светско чудо, и покажува игра што на моменти делува и нереална. Би сакала да ја почувствувам и пренесам на гледачите атмосферата од финале на Вимблдон на пример, или финале во Фудбалската Лига на шампиони. Секое сериозно натпреварување од кое се дел Македонските репрезентации, е и ќе биде број еден на листата, вели Серафимова.

Фер плеј е нова емисија со спортска тематика, со која ќе „управува“ Јана која својата кариера ја почна пред 5 години.

-Мојата авантура во светот на медиумите започна во 2016 година, па вечно ќе им бидам благодарна на оние кои тогаш веруваа во мене и ми дадоа шанса, а и знаење. Ја сакам креативната работа која медиумите ми даваат простор да биде мое секојдневие. Сум била дел од различни типови на Тв проекти како дел од редакциите за забава и култура, утринска програма, естраден/забавен Магазин.Како репортер во информативните изданија ги следев настаните од културата, а мој авторски проект беше емисијата „Фан Пит“, раскажува Јана Серафимова.

Првото издание на „Ферплеј“ со селекторот Благој Милевски е во сабота на 23.10.2021. во 19:15 часот на ТВ Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе