Спорт Фудбал

Барселона го промовираше проектот за новиот стадион

И покрај катастрофалната финансиска ситуација, Барселона го објави планот за реконструкција и модернизација на стадионот Камп Нои кој во иднина ќе го носи името Еспаи Барселона, но дефинитивната одлука за овој зафат ќе биде донесена по референдумот на кој право на глас имаат членовите на клубот.

Целиот проект треба да чини 1,5 милијарди евра, а во клубот веруваат дека реконструкцијата ќе биде финансирана со кредити и сметаат дека ова е долгорочна инвестиција која во иднина треба да носи профит и да има значајно влијание во финансиската стабилност.

Според планот капацитетот на стадионот ќе биде 105.000 места, а се предвидува и спортска сала со 12.000 седишта. Во целиот комплекс ќе бидат изградени клупските простории, хотели и е предвидено сместување за членовите на младинската академија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе