Локални избори 2021 Македонија Топ вести

ОДИХР: Мирни избори, но постои потреба од реформира на законската рамка

Мирен изборен ден. Ова е оценката на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за вчерашнотот гласање, кои позитивно го оценија и гласањето и сумирањето на гласовите и покрај проблемите со идентификацијата на гласачите со новиот метод со читачи на отисоци.

Нашиот заклучок е дека локалните избори на 17 октомври беа компетитвни и основните слободи беа широко почитувани. Но, многубројните недостатоци во законската рамка ја нагласува потребата за сеопфатна реформа. Водечките  парламентарни партии уживаат системски предности, особено во распределбата на јавните ресурси за кампања, вклучително и во медиумите, изјави Тана де Зулуета, шеф на набљудувачка мисија на ОДИХР.

Набљудувачите на ОДИХР кои вчера посетиле 625 гласачки места освен проблеми со читачите на отисоци, констатирале и проблеми со тајноста на гласањето, со групно и семејно гласање, но и одделни случаи на заплашување и притисок врз кандидати да се повлечат. Негативно е оценет процесот на сумирање на резултатите главно поради несоодветни услови и лоша организација.

Во делот на законската рамка странските набљудувачи нотираа низа од празнини и недоследности во законот, вклучувајќи ги и оние предизвикани со честите неусогласени промени на законот, со кои се уште не е одговорено на сите забелешки на ОДИХР од претходните избори.

Во делот на забелешките за законската рамка нотирано е и дека прагот на потписи потребни за пријавување на независни кандидати е поставен многу високо и оневозможува вклучување на нови кандидати во изборите и не е на линија на позитивната меѓународна пракса, а законската рамка доби забелешка и во делот на финансирањето на изборните кампањи.

Законот одредува максимални суми за донации и трошоци за кампања и предвидува санкции за прекршување на правилата за финансирање кампања. Од учесниците не се бара да ги откријат сите извори на приход или какви било расходи, спротивно на добрата практика. Генерално, ограничените јавни информации за приходите во кампањата и недоволниот надзор ја намалија транспарентноста и ја поткопува можноста за откривање прекршувања, изјави Де Зулуета.

ОБСЕ/ОДИХР е со став и дека финансирањето на партиски изборни кампањи со буџетски пари поттикнува клиентелизам.

Странската мониторинг мисија има забелешка и на застапеноста на жените во локалните избори од само осум проценти и негативната реторика кон жените во кампањата. Медимското покривање на изборите е оценето како непристрасно.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски ја обвини СДСМ за некрофилија, најави епски проект за Кочани и рече дека извештајот во ЕП ќе биде изгласан

Дејан Дејан

СДСМ обвинува за партиски вработувања во РЕК Осломеј

Дејан Дејан

Пониква за престој на пациентите кои го преживеаја пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе