Локални избори 2021 Топ вести

Ахмети прогласи победа на ДУИ на локалните избори

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на завршната прес-конференцијата на партијата по локалните избори изрази задоволство од постигнатите резултати, посочувајќи дека уште во првиот круг ДУИ победила во три општини – Сарај, Липково и Пласница.

Според него во втор круг одат со голема предност во десетина општини – Тетово, Чаир, Кичево, Струга, Желино, Теарце, Боговиње, Арачиново и Долнени. Исто така и во втор круг кандидатите на СУИ одат во општините Дебар, Чашка, Гостивар и Врапчиште.

Сакам да изразам задоволство за целокупниот изборен процес каде се покажа демократска култура, бидејќи изборите се рефлексија на една држава и со тоа овој процес помина во најдобар можен ред. Сакам да им честитам на сите учесници во натпреварот. Ги поздравувам членовите на ДУИ за оваа победа, после победата во 2020 на парламентарните избори, каде покажаа уште еден успех при тоа зголемувајќи го бројот на гласовите за својата партија. Покрај на локалните, општинските и централниот штаб, сакам да им заблагодарам и на гласачите кои се определија за духот на зелената агенда на животот на ДУИ која беше претставена пред избирачите. Како што секогаш сме биле победници и во овој важен процес за локална самоуправа излеговме како победници, изјави Али Ахмети на прес-конференцијата

Тој истакна дека ДУИ во албанскиот политички блок има повеќе гласови од опонентите за Советите во Гази Баба, Бутел, Шуто Оризари, Битола, Охрид и Чучер Сандево.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Африм Гаши останува дел од ВРЕДИ, парламентарниот спикер се огласи по шпекулациите дека и тој ја напушта коалицијата

Дејан Дејан

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Потрошувачката кошничка не смее да се крати од четиричлено на тричлено семејство – интервју со Менди Ќура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе