Локални избори 2021 Македонија

Гласањето заврши, започна броењето на гласовите

Во 19:30 часот се затворија сите избирачки места на кои граѓаните на Република Македонија денеска гласаа на локалните избори.

Иако беше предвидено избирачките места да бидат затворени во 19 часот, изборниот процес продолжи половина час додека нѐ гласаа граѓаните кои беа затекнати во објектите за гласање.

Партиските раководства се во нивните штабови, каде ги чекаат резултатите од гласањето, кои се очекува да бидат објавени околу полноќ.

Во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина. Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градот Скопје, не излезат една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка.

Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општина не го добил потребното мнозинство гласови во согласност со член 132 став 1 од Изборниот законик, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг на гласањето. Во вториот круг на гласање за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови.

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Советници се избираат во првиот круг од изборите и притоа се употребува пропорционалниот модел, при што распределбата на мандатите се врши по Д’Хондтовата формула.

Локалните избори ги мониторираат 1.045 набљудувачи од кои 714 домашни. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 217 набљудувачи.

Поради пандемијата со Ковид -19, Локалните избори се спроведуваат со почитување на општите мерки за заштита од Ковид-19.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДУИ ќе профитира најмногу од промените во коалицијата „Вреди“

Дејан Дејан

Христијаните го слават воскресението Христово

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Сплотени и солидарни да ги надминеме искушенијата, од несреќа и неволја да излеземе помудри, подобри и похумани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе