Спорт Фудбал

Кипар и Грција со најмногу странски фудбалери

Институтот за фудбалски истражувања објави студија во која се анализираат 475 клуба од Европа и процентот на застапеност на странски играчи во натпреварите во националните шампионати.

На првите пет места се клубови од Грција и Кипар, а лидерот Арис на стартот од сезоната 98,4 проценти од минутажата им ја доверил на фудбалери од странство.

Преку 90 проценти од минутите во домашните првенства странски фудбалери настапувале за солунски Арис и кипарските прволигаши Пафос и АЕЛ Лимасол, а меѓу првите пет се уште Арис од Лимасол и Волос.

Прв од останатиот дел на Европа е првакот на Шкотска, Ренџерс со 88,1 процент од вкупниот број на одиграни минути, а потоа следува Удинезе со 88 насто кој е водечки во редоследот на тимовите од петте најсилни лиги во Европа.

На втората позиција со 86,8 проценти е Челзи, а потоа следуваат Аталанта, Торино и Лил. Меѓу првите десет се уште Лајпциг, Манчестер Сити и Атлетико Мадрид, а високо котираат Ливерпул, Реал Мадрид и Пари Сен Жермен кои се наоѓаат на првите 15 позиции.

Според студијата најголем број на странски фудбалери на платниот список имаат Лил, Лајпциг и Атлетико Мадрид. Актуелниот првак на Франција во ростерот има 28 играчи и само седум се домашни, идентична е ситуацијата и во Лајпциг, а еден домашен фудбалер повеќе од двата клуба има мадридски Атлетико.

Од клубовите во 31 национален шампионат кој беше дел од студијата само два во своите редови немаат странски фудбалери. Првиот е Атлетик Билбао чија клупска политика е да настапуваат само Баскијци, а вториот е членот на Украинската прва лига, Десна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе