Независниот, до скора социјал-демократ Максим Димитриевски после пребројани 10 избирачки места води пред Оливер Илиевски, кандидат на СДСМ. Трет е Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ.
Димитриевски има 142 гласа, Илиевски 92, а Михајловски 47.
После овој минимален пресек со пребројани ливчиња, Димитриевски е на кота од речиси 50 проценти добиени гласови од пребројаните.
И неговата независна советничка листа засега води, со што се покажа дека Куманово ќе биде најинтересна општина за овие локални избори.
Оливер Илиевски пак во изјава за Телма рече дека водел после првиот изборен круг со 2 илјади гласа разлика во пребројани 80% и дека не го смета за пораз бидејќи како први одат во втор круг.