Спорт Фудбал

Нордиските земји против Мундијал на две години

Идејата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, Светските фудбалски првенства да се играат на секои две години добива се повеќе противници. Последни на листата кои му се спротивставија на првиот човек на светскиот фудбал се шесте нордиски членки на УЕФА, Шведска, Норвешка, Финска, Данска, Исланд и Фарските острови.

Во образложението се потенцира дека зголемувањето на бројот на Мундијалите ќе има негативно влијание врз постоечките натпреварувања пред се Европскиот шампионат, кој очигледно дека во календарот ќе биде прекуброен, а тие сметаат дека со ваква одлука на значење ќе загубат и турнирите во женска конкуренција.

Според нив предлогот на ФИФА ќе влијае врз развојот на фудбалската игра во другите делови од светот и дека тоа ќе го намали интересот кај навивачите за најголемото натпреварување на репрезентативно ниво.

Единствени кои се за овој предлог на Светската фудбалска асоцијација се земји од Африка и Азија како и одредени поединци кои се вклучени во овој проект.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе