Локални избори 2021 Македонија Најважни

Со „каса-прими” потврдувал поткуп на гласачи, фатен прилепчанец кој со „ендек“ се закануваше на кандидат

Преку фејсбук му се заканувал на градоначалнички кандидат дека „ќе заврши во ендек“ бидејќи кандидатот претходно имал слична семејна трагедија, но се криел во странство додека полицијата го барала. Кога 27-годишниот прилепчанец сакал предизборно, вчера, да премине преку Табановце и да влезе во Македонија бил уапсен. Сега е осомничен за дело загрозување на сигурноста за што е предвидена казна помеѓу 1 и 5 години затвор и наредните избори да гласа од зад решетките.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му е определен притвор во траење од 8 дена, соопштуваат од обвинителството.

Полицијата пак на последниот ден од кампањата откри два случаи на изборен поткуп, во Драчево се уапсени 4-ца поткупувачи со 120 илјади денари и 250 евра во раце. Претходно во Лозово е уапсен 50-годишник кој исто така вршел поткуп на гласачи, а потврдата ја заверувал со каса-прими сметки во вредност од 3 до 5 илјади денари.

Двата случаи се предадени на обвинителството кое има посебна група преку која се истражуваат изборните кривични дела како што се поткуп, заплашување, закани кон избирачи и кандидати.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зошто е откажано појавувањето на Тошковски во реновираните Управни служби на МВР?

Дејан Дејан

Поранешен министер за информатичко општество предлог за нов министер за здравство

Дејан Дејан

(Видео)Националната гарда на улиците во Лос Анџелес откако ескалираа протестите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе