Спорт Фудбал

Академија Пандев со пресврт до трите бода против Шкендија

Во дербито на десеттото коло во фудбалското првенство на Македонија, Академија Пандев со двата погодоци на Мартин Мирчевски во завршницата од натпреварот успеа да направи пресврт и по водството на противникот од 1:0 да стигне до победа од 2:1.

Лидерот на табелата Шкупи славеше на гостувањето во Кавадарци додека Ренова немаше поголеми проблеми во соочувањето со Пелистер и забележа триумф од 2:0.

Најубедливата победа во оваа рунда од домашниот шампионат ја забележа Брегалница која пред своите навивачи ја совлада Македонија ЃП со 4:1.

 

ФУДБАЛ – ПРВА ЛИГА

10. коло

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА

Мартин Мирчевски 77, 86 –  Љупчо Дориев 17

СТРУГА – БОРЕЦ  1:1

Клисман Цаке 9 – Енсар Љума 82

ТИКВЕШ – ШКУПИ 0:1

Абдул Руатубиаје 30

РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР 2:0

Ремзифаик Селмани 61 (пен), Шефит Шефити 72

БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 4:1

Никола Ескиќ 16, Марјан Алтипармаковски 27, 79, Мартин Стојанов 45+1 (пен) – Абу Разард Камара 70

 

ТАБЕЛА

  1. ШКУПИ                                   23
  2. РЕНОВА                                  21
  3. АКАДЕМИЈА П.                    18
  4. БРЕГАЛНИЦА                       16
  5. РАБОТНИЧКИ                       15
  6. ШКЕНДИЈА                           14
  7. СТРУГА                                  14
  8. СКОПЈЕ                                 12
  9. МАКЕДОНИЈА ЃП               10
  10. БОРЕЦ                                     8
  11. ТИКВЕШ                                 6
  12. ПЕЛИСТЕР                             4
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Мотокрос атракција на патеката во Орман

Дејан Дејан

Ивановски на чекор до пласман на главниот турнир

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ивановски и Поп Арсова победници на HalkEco Скопје Трча

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе