Вести Економија Топ вести

МЕПСО не открива колку балансна струја купиле фирмите кои се под лупа на Регулаторна

МЕПСО јавно нема да ги објави фактурите испратени изминативе неколку месеци до приватните снабдувачи за искористена балансна енергија бидејќи како што тврдат станува збор за доверливи податоци. Иако од МЕПСО ја инфромираа Регулаторната дека некои фирми снабдувачи енормно ја користат балансната струја, јавноста ќе биде ускратена од информацијата за кого станува збор. Истото се однесува и за висината на гаранциите за кои минатата недела соопштија дека се покачени.

„Договорите кои АД МЕПСО ги има склучено со балансно одговорните страни (БОС) се двострано обврзувачки и двете договорни страни имаат преземено обврска сите податоци кои се однесуваат на деловното работење, а се предмет на воспоставениот должничко- доверителски однос, да ги третираат како доверливи. АД МЕПСО не смее на трета страна да дава податоци кои се однесуваат на тековното деловно работење кое е предмет на склучен договор со БОС без претходно дадена согласност на другата договорна страна“

Од МЕПСО соопштија дека само за месец јули до фирмите снабдувачи се доставени фактури во висина од околу  два милиони евра, за превземено поголемо количество енергија од нивните планови. Најголем дел се платени информираат од државното претпријатие без да се прецизира сумата.

Зголемувањето на цената на струјата на светските берзи е причината поради која приватните снабдувачи со струја почнаа да увезуваат се помали количества а се повеќе да се потпираат на МЕПСО. Според изворите на Телма неколку фирми свесно купувале и до половина од вкупната количина на енергија која требало да ја испорачаат дента токму од МЕПСО, што е злоупотреба на системот.

Некои фирми пак ја намалувале количината на испорачаната енергија до своите корисници за да ја намалат загубата а тоа може да се види и од дописот на МЕПСО до Регулаторната комисија каде што јасно е посочена фирмата „У Повер“ сопственост на Аријанит Џафери, син на Муса Џафери и лицето кое пред десетина дена го нападна претседателот на Регулаторна, Марко Бислимовски.

Дел од фирмите, меѓу кои и „У повер“ се обиделе да ја покачат цената за крајните потрошувачи или пак на своја рака ги раскинале договорите со приватни фирми но и со Министерството за одбрана, ТИРЗ, Град Скопје, Опера и Балет, Народната банка

Токму затоа во регулаторната комисија се води постапка против осум фирми за одземање на лиценцата.  Тоа се: „Мист Енерџи“, „У повер“, Вангард“ „Енерџи он“, Енерџи уинд“, „Солар Про“ , „Енерџи Актив“ и „Енергиа Гас енд Пауер“.

А корисници се бизнис секторот но и голем број на државни институции. Според достапните податоци, четири од осумте фирми, како свои корисници имаат неколку стотини државни институции. Министерството за труд и социјала, УЈП, агенции, болници, општини, судови и голем број на училишта се со договор со фирмите кои може да останат без лиценца за работа.

Доколку тоа се случи, тие ќе мора да склучат нов договор, со нов снабдувач по цена повисока од онаа што веќе била договорена поради моменталната цена на енергијата на берзите што е далеку повисока од онаа во првичните договори.

Огнен Чанчаревиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно – Временска прогноза за 11.5.2025

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе