Вести Економија Македонија Топ вести

Куќа во Македонија осигурена на 3,2 милиони евра, имот на енергетска компанија осигурен на 1,26 милијарди евра- кои се најголемите осигурителни полиси во Македонија

Доколку куќата му изгори, се поплави, биде ограбена или оштетена- жител на Македонија како осигурување ќе добие 3,2 милиони евра, објави Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Станува збор за најголемиот износ што може да биде исплатен за штети на осигуран имот на физичко лице и изнесува 198 милиони денари за куќата која е во сопственост на физичко лице.

Над 128 илјади физички лица имаат платено осигурување за сопствениот недвижен имот во Македонија, наведува АСО.

Сепак најголема отштета со платено осигурување за имот во Македонија изнесува 1,26 милијарди евра и се однесува на корпоративниот сектор. Ова осигурителна полиса е во висина од 31% од државниот буџет за 2021-ва. АСО соопшти дека станува збор за максимално покритие за целосниот имот на голема компанија од енергетскиот сектор.

Во корпоративниот сектор има над 32.000 активни договори за осигурување имот на 30 јуни годинава.

Агенцијата не ги открива правните и физичките лица кои се рекордери по висината на осигурителните полиси во различни категории на осигуреници.

Така не е откриено ниту кое е претпријатието за јавен превоз на патници, чија максимална полиса за наплата на осигурување изнесува 41 милиони евра.

Станува збор за најголемото покритие за каско осигурување на моторни возила. Во конкретната  класа на крај на јуни имало 50.000 активни договори за каско осигурување моторни возила.

Во класата осигурување од незгода максималната осигурена сума по активен договор за осигурување која може да биде исплатена изнесува 4,26 милијарди денари (69,3 мил.евра). Станува збор за полиса за колективно осигурување на повеќе од 8.500 вработени лица. Во оваа осигурителна класа на крај на јуни има 628.000 активни договори за осигурување.

Во класата на приватното здравствено осигурување максималната осигурена сума по активен договор за осигурување изнесува 142,9 милиони денари (2,3 мил.евра). Станува збор за колективно осигурување од тешки болести на речиси 800 вработени лица во јавна здравствена установа. Во оваа класа на осигурување на крај на јуни има над 12.000 активни договори со кои е обезбедено приватно здравствено осигурување за повеќе од 38.000 лица.

Највредната полиса за карго покрива штети до износ од 3,4 милијарди денари (5,6 мил.евра) со што се осигурени сите пратки кои ќе се реализираат во периодот за кој важи договорот за осигурување.

Кај законски задолжителното осигурување од автомобилска одговорност (ЗАО) најголемата полиса со максимална осигурена сума (пропишана со закон) покрива штети до 93,4 милиони денари (1,5 мил.евра).  Оваа полиса ја има компанија која превезува експлозивни материјали и се осигурува од материјална и нематеријална штета. Во оваа осигурителна класа на 30 јуни има над 611.000 активни договори за осигурување.

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три автобуси и едно комбе рано утринава беа во пламен на плац на транспортна фирма во кочанската населба Оризари

Дејан Дејан

Штериева: Банките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиите

Дејан Дејан

Три министерства во „реформски минус“ од 40 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе