Економија Топ вести

Апелациски суд: Постапено е согласно законот по жалбата на оштетените штедачи на Еуростандард банка

Апелацискиот суд Скопје постапува согласно законот и Судскиот деловник, каде на јасен начин е регулиран начинот на заведување, предавање и постапување на судските предмети, соопштија утрово од Апелација по обвинувањата за брзото постапување по предметот ТСЖ.бр.1554/21 оформен по жалбата на група доверители на Еуростандард банка.

  • Согласно чл. 175 ст.2 од Судскиот деловник, предметите од итна природа веднаш се заведуваат и преку автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предметим веднаш се распределуваат на судиите. Судијата известител согласно чл. 182 ст.1 од Судскиот деловник, постапува по предметите според редот на приемот, освен во итни или други оправдани случаи, појаснуваат од судот.

Во конкретниот случај, велат од Апелација, советот на овој суд при одлучување по предметот ТСЖ.бр.1554/2021, кој е од итен карактер, постапил согласно член 182 ст.5 од Судскиот деловник, во кој е предвиден начинот на првенствено земање на овој вид предмети во работа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе